Загребачка торта

Zagrepska torta - Загребачка торта
Zagrepska torta - Загребачка торта

Здраво, драги мои

Направив мала пауза, одиме понатаму 🙂
Добив прашања, зошто пишувам на латиница…
Живеам во странство и претендирам блогот да го видат и во други земји, надвор од кирилицата.
Ако е на кирилица, тоа е невозможно…
За името на страницата, тоа мора да биде на латиница, бидејќи имам лошо искуство со страницата за готвење, а еве гледам и други се префрлаат.
Внатре, може да пишувам и на кирилица, да, тоа ќе зависи од веќе објавените рецепти, кои ќе ги копирам или вака со цело срце, за нашиот преубав јазик.
Не сум официјален македонски блог кој претендира повеќе од тоа што е, немам обврска да го користам само нашиот преубав литературен јазик, тоа им го оставам на други, компетентни луѓе.
Едноставно, ова е блог за рецепти и ќе ги има и на дијалект, можеби, што да не…

Ве молам за разбирање, целта е да се сочуваат рецептите, да се пренесуваат понатаму, заедно да учиме за готвењето и мојата лична цел за Ива….

 

А сега за денешниот рецепт…
Секој има своја торта, многу градови и земји имаат…
Пробав многу торти во мојот живот, но ниту во минатото, ниту сега во туѓина, ми се допаднале други торти како Васина и Загрепска торта…
Постои и трета, Ивина чоколадна торта, која веќе многумина ја знаат и за неа ќе пишувам другпат.

Двете торти ги сакам зашто имаат старински вкус, незаменливи се.

Мојата Загрепска торта потекнува од 80 години, рецептот беше од Народен Кувар, југословенски, а ми го пратија моите и во тоа време беше врвен специјалитет.

Бев заборавила на оваа торта, но мојата колешка и пријателка Мери Ичова, ме потсети, се сеќава на оваа убава, моја торта од 80 години во Струмица… Благодарам Мери!

Јас сум емотивно врзана за Загреб, татко ми студираше во Загреб, а јас бев родена.
Можете да си замислите, дете сум на огромна љубов, а Загреб многу далеку во тоа време…
Покрај македонската музика, пораснав и со далматинските песни кои татко ми ги свиреше на гитарата и преубаво ги пееја со мајка ми… На Ива и ги пеев кога беше мала, ги сакаше и таа…
Многу ја сакам Хрватска, цел живот сум поврзана со неа, а таму го сретнав и мојот сопруг, чудни се нашите патишта…

Оваа торта нека биде во име на таа љубов, на убавината која татко ми ни ја донесе од таму во почетокот на 60 години, напредните сфаќања и едно поинакво воспитување на што сум многу благодарана.
Со цело срце им ја подарив и на Coolinarika.

Еве го рецептот, Џејми Оливер сигурно ќе го сака, вака како ми е исфлекан 🙂

Нема потреба да го пишувам рецептот, ако нешто не ви е јасно, слободно прашајте, ве очекувам…

Кликнете на сликите, ќе се зголемат.
Едно време така ги пишувавме рецептите, снајди се беше работата, а сега и видеа и детали, многу полесно е да се направи нешто денес во кујната.
Го сменив името на тортата, цел живот ја знам како Загребачка, тоа е оригиналното име, а име не се менувало… Нека си биде оригиналот, преведена, смешно звучи…

Пријатно!

Zagrebska torta - Загребачка торта

Zagrebska torta - Загребачка торта

Zagrepska torta - Загребачка торта

Zagrebska torta - Загребачка торта

Напишете коментар