Лесно колаче со праски

Лесно колаче со праски
Лесно колаче со праски

Овие традиционални тортички се најубави за сезонско овошје, експресни, лесни, воздушести, освежителни…

Една од многуте варијанти, со праски и суво грозје, ептен лесна, како за лето.
Кога минатото ќе замириса во кујната, убаво и доаѓа на душичката, спомени се кријат во секој агол, секој миг…

 

Состојки

  • 3 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици зејтин
  • 12-15 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 2 ванили
  • кора од лимон
  • сецкани праски
  • суво грозје
  • шеќер во прав

Постапка

  1. Јајцата со шеќерот се матат со жица, (матало), се додаваат сите состојки, се мешаат.
  2. На крај се додава овошјето, нежно се промешува.
  3. Се става во намастен и побрашнет плех, се пече на 220 околу 25 минути.

Превкусно, ќе следуваат и други 🙂

 

Лесно колаче со праски

 

 

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар