Тиквици на сто начини 🙂
Разноврсноста ја краси нашата трпеза, а и нашето здравје.
Овој пат подварени и полнети со бунгур, помешан со зеленчук.
Состојки
- тиквички
- по потреба бунгур
- пиперки
- морков
- сол, бел бибер
- зејтин
- магданос
Постапка
- Тиквиците се сечат како чашки, се длабат. Тоа што е вишок од средувањето на чашките, се сече на коцки.
- Се зоврива солена вода и тиквичките чашки се варат, но не треба да се преварат.
- Се вари бунгур во посолена вода.
- Пиперките и морковот се сецкаат и заедно со издлабеното и тиквичките коцки, се пржат.
- Се додава сварениот бунгур и зачини.
- Тиквичките се полнат и се сервираат.
Прекрасно свежо мезе, оброк летен, предјадење, како сакате.
Пријатно!