Кога го видов овој ролат прв пат, веднаш го направив зашто поубав ролат немам видено, секоја чест на креаторот.
Задоволна сум, ништо не би менувала, превкусен е како што е и преубав за око.
Оригиналната фотка ме воодушеви, а мислам дека ролатите прописно ги измалтретирав со моите фото сесии.
Направив два ролати, значи дупла доза, еден со обојување на крем сирењето со сок од цвекло и другиот ролат со подварен спанаќ и сафран.
При фотографирањето убавата боја од цвеклото не ми се појави. Следниот пат ќе ставам повеќе. Инаку оригиналниот рецепт е со боја од црвен пипер.
Дозите се за еден ролат.
Состојки
- 4 белки
- 1/2 лажиче сол
- 3 лажици брашно
- 1 лажица афионово семе
- 6 парчиња шунка
- малку сок од цвекло за едниот ролат и сафран за другиот
- малку подварен спанаќ за едниот ролат со сафран
- 200гр крем сирење или густа павлака помешана со сирење
Постапка
- Најпрво подгответе го крем сирењето или сирење помешано со густа павлака за да се сече подобро.
- Поделете го на два дела филот, во едниот дел додадете боја по желба, како црвен пипер, сафран, сок од цвекло, подварен спанаќ, брокула и сл. (Во првиот ролат, во филот има спанаќ и сафран, а во вториот ролат -розевиот, ставив сок од цвекло).
- Се матат убаво белките со солта, на крај се додава брашното и афионовото семе.
- Се меша со лажица и се става во плех обложен со хартија со димензии 23 на 30 цм.
- Се пече само 10 минути на 180 степени.
- Се вади од рерна и се става врз влажна кујнска крпа за да се замота ролат.
- Се остава да се олади потполно и потоа се мачка филот.
- Прво се мачка едната половина од крем сирењето, па врз него се редат 6 парчиња шунка, едни до други, 3 во горниот ред, 3 под нив.
- Врз шунката се става вториот дел од крем сирењето(со сафран). Се витка во ролат и завиткан во фолија се остава во фрижидер убаво да се стегне.
Поубав ролат немам видено и јадено. Може да си ставите фил по ваша желба, битно е тестото.
Толку се убави што исчезнуваат за час.
Пријатно!
Attachment
Moite rolati po tvojot recept:)
preubavi , so mala utka vo pecenjeto ( pecev vo plehot od sporetot,Ama Koga mi Tekna kasno bese, kako i da e prevkusni se )
Ti blagodaram za prekrasniot recept Vesna ?
Blagodaram Emilly Stojanovski, preubavi se!