Бомбици од ориз и мелено месо

Бомбици од ориз имам одамна објавено, но како по обичај, на блогот, прво од поновите почнувам. И солени и благи, мене ми се превкусни. Ги правев со зеленчук, со слатко од дуњи чинам беше, убавини, ги имам на страницата “Со љубов, за вас”.

Ќе се потрудам да ги поставам овде и нив, брзо.
Овие се солени, со мелено месо.

 

Состојки

  • пржено мелено, мешано месо
  • варен ориз
  • неколку лажици крем сирење
  • сол
  • црн ким

Постапка

  1. Месото испржете го онака како сакате, јас обично додавам ситно сецкан кромид, пиперка и морков, магданос, може лук, сушен зачин, оригано, ќебап зачин, билки од Прованса…
  2. Користев басмати ориз зашто убаво ми мириса, а и бомбиците да бидат чупкави, се вари со сол, се цеди. Еден дел се двои за посипување.
  3. Другиот дел се пасира, се меша со крем сирење.
  4. Се земаат мали парчиња, се расплеснуваат, во средина се става мевце и се прават бомбици.
  5. Се налепува ориз кој не е пасиран и се наросува црн ким.

Преубави за око, а многу вкусни. Мали, за мезе душа дале 🙂

Пријатно!

Летната даска моќе да ја видите овде.

     

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар