Домашна урда

 

Во странство нема урда, можеби во некои балкански продавници, но не е како нашата. Немам некое знаење за урдата, но знам дека има два вида.

И така, благодарение на Интернетот, и затоа што овде нема, после многу километри потрага, ќе си правиш домче. Имам 3 рецепти за домашна урда.

 

 Состојки, дози по желба
  • 1 л млеко
  • 2 лажици лимонов сок

Другиот рецепт

  • 1 л млеко
  • 250 мл кисело млеко

Третиот рецепт ми е од Виолета  Сандева, благодарам Виле! Прв пат направив по твојот рецепт, одамна беше…

  • 8 канчиња кисело млеко
  • вода од кратко плакнење на канчињата

Постапка

  1. Се зоврува млекото, се остава да поврие и се трга на страна.
  2. Урдата ќе почне да се двои, кога ќе се издвои целосно, се става во чиста газа да се исцеди.

Откако ќе се исцеди, замрзнувам пакетчиња, навистина корисна работа.

И така, чуден е животот…
Од генерации што купувавме сé готово, сега голем дел “произведувам” дома, кога можам…
Да ми кажел некој во 80 те и 90 те години дека ќе правам и урда дома, не знам дали би поверувала…

За нејзините вредности веќе сте читале, ако не сте, ви препорачувам да прочитате.
Урдата е извор на калциум пред сé, потребен и на млади и на стари…Но ние ќе се воодушевуваме на туѓото полесно отколку на нашето, за жал…

Секако дека ја почитувам храната и кујната на секоја земја. Ме воодушевуваат многу рецепти, ги имаме во нашето мени, но сеуште не сум ја запознала целосно нашата македонска кујна и уживам откривајќи ја…Досега овде ме има воодушевено само еден ресторан, ланец ресторани…И знаете зошто, зашто има јадења од најразлични кујни од цел свет, еден вид како шведска маса ние што велиме, иако овде не се користи тој израз…

Единствено ми е жал што ја нема нашата…

Светот е богат и убав заради различностите! Не треба да се срамиме од сопственото, напротив, треба да го сакаме! Но треба да го почитуваме и туѓото! Само така може да речеме дека сме луѓе, самосвесни и со интерес, свесност и почит и за другите. Малку јас да си кажам, зашто не ја разбирам баш понижувачката филозофија кон нашата кујна на некои…

Инаку правам многу специјалитети од урдата кои ќе следуваат.

Ако немате време, урдата може да ја испржите со пиперки, наједноставно!
И не мора да ја пржите, секако е убава…

Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар