Еве еден прекрасен летен оброк на рингла, со сите зеленчуци.
Сите витамини се овде, сите вкусови сочувани, за мерак.
Ако имате сецко некое, уште побрзо ќе биде, а јас сум од тие кои имаат, ама никако да користат. И секогаш велам, ај следниот пат. Толку ретко користам, да се прашувам, зошто воопшто ги имам. Но чинам тоа е пракса на генерациите од 50- тите години на минатиот век 🙂
Најважно за овој ручек е зеленчуците да ги ставате на пржење по редослед според времето кое им е потребно да се испржат.
Состојки
- 1 главица кромид
- 1-2 компири
- 1 морков
- малку боранија
- неколку бамји
- малку карфиол
- 1 пиперка
- 1 тиквица
- 2 чешниња лук
- 2 големи домати
- маслиново масло
- сол, сув зачин, оригано, босилек, магданос
Постапка
- Се сецкаат сите зеленчуци, добро измиени.
- Ставете ги да се пржат според редоследот на состојките погоре, прво кромидот, па кога ќе се испржи, додадете го компирот на мали парченца и пржете околу 5 минути, па додадете го морковот, боранијата и бамјите, пржете на нешто посилна од средна температура, седмица, и секако промешувајте.
- По 5 минути, додадете карфиол и пиперка, па после неколку минутки, тиквица и лукчето.
- Додадете ги на крај доматите на коцки, треба да бидат многу сочни, ако не се, додадете сос од домати.
- Откако ќе се испржат малку доматите, додадете половина чаша вода, додавајте по малку, не одеднаш, промешајте, па ставете ги зачините, измешајте и поклопете, нека се пржат кратко, поклопени, сите вкусови од зачините да се сочуваат, да се соединат…
- На крај се додава магданосот.
Освежителна, летна манџичка, со богати вкусови.
На овој начин, ќе бидат добро испржени сите зеленчуци, а не некои премногу, други недоволно.Редоследот може не ми е баш прецизен, но во основа е така.
Пријатно!
[gallery_one id=”10729″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]