Еднаш до два пати неделно, риба, беше и е советот, за добро здравје…
Еве еден рецепт за убав неделен ручек.
Состојки
- лосос
- маслиново масло
Сос
- тартар сос
- мајонез
- лимонов сок
- рузмарин
- маслиново масло
Постапка
- Лососот се мие, се суши и сече на парчиња.
- Се пржи на среден оган од сите страни.
- Се подготвува сосот, се меша тартар сосот со лимонов сок, масло и со мајонез.
- Се додава рузмарин и се прелива врз лососот.
Тартар сосот го имав готов, всушност го имаме како и мајонезот во туба, но може и сами да го направите. Додадов мајонез за да не доминира киселкастиот вкус од краставичката, а со лимонот го добив она што ми требаше. Го комбинирав со печениот компир. Едноставно, брзо, здраво.
Повелете!