Свинските медаљони се добри за во лето, не бараат долга подготовка.
Овој пат во комбинација со рататуј 🙂Многу пати сум рекла, мајсторот за месо кај нас е Мишел, најчесто.
Најважен момент за медалјоните е правилна температура и кратко пржење, инаку ќе се исушат и скаменосат, а треба да се меки и сочни внатре, зацрвенети однадвор.
Комбинацијата е перфектна, ви ја препорачувам!
Состојки
- свинско филе
- рататуј
- маслиново масло
Сос
- 4- 5 лажици мајонез
- 2 лажици мајонез со кари
- 1 лажица сенф
- 3 лажици кисело млеко
- магданос
Постапка
- Месото се подготвува, се сече на медалјончиња кои се пржат кратко, од двете страни. Зачини по желба, ние не ставаме ништо, месото е превкусно.
- Рататујот е добро да ви е подготвен претходно, а рецепт имате овде.
- За сосот, состојките се мешаат, киселото млеко прави да биде потечен сосот, а и му дава перфектна завршна нота, освежителна.
Одличен ручек, многу вкусен и освежителен.
Пријатно!