Модар патлиџан со пире во 3 бои

Одлично, богато мезе, една од моите комбинации. Овој пат со пире во 3 бои, и за око сервирано и на вкус, преубаво беше 🙂

Состојки

  • модар патлиџан
  • пире од компири
  • сок од цвекло
  • лукче
  • свежо нане
  • ајвар
  • кисели краставички
  • кашкавал
  • маслинки
  • мајонез

Постапка

  1. Патлиџаните се печат на тркалца, а постапката може да ја видите овде.
  2. Се варат компири за пире.
  3. Пирето се разделува во три чинивчиња.
  4. Во првата се става сок од цвекло и пресиран лук, се размешува.
  5. Во втората се става свежо нане ситно сецкано и малку ајвар.
  6. И во третата се става кисели краставички, маслинки, кашкавал, мајонез.
  7. Се редат на спратови, патлиџан, фил, се додека може да се реди.
  8. Најдобро е да се прават директно на садот за сервирање, да не се расипат при поместувањето.

Може да си ставите други ваши состојки, ваша комбинација 🙂

  

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар