Пинџур од модар патлиџан со кисело млеко

Многу рецепти, многу фотографии, се трудам да ги најдам сите сезонски кои не се објавени…

Го најдов и овој пинџур, го препорачувам за оние кои имаат потешкотии од модриот патлиџан, кој спаѓа во лутите храни. Киселото млеко му дава преубав вкус, но има и лековита моќ овде.
Можете да замрзнете во фаза пред да го додадете киселото млеко.

Состојки

  • модри патлиџани
  • неколку пиперки, на 3 патлиџани 1-2 пиперки, кој сака лути, но може и без пиперки
  • лук
  • ореви
  • сол
  • зејтин
  • кисело млеко по желба
  • магданос

Постапка

  1. Патлиџаните и пиперките се печат, се ставаат во кеса половина час, и се лупат.
  2. Ако има течност, се цеди, па се толчат. Може вака да се замрзнат и откако ќе се одмрзнат, се додава другото.
  3. Им се додава толчени ореви, лук, сол.
  4. Се попаруваат со врел зејтин.
  5. Се меша и малку подоцна се додава киселото млеко и магданосот.

Сличен рецепт може да видите овде.
Кога правам пинџур, обично правам разни варијанти во исто време. Овој ми е највкусен, иако сите ги сакам 🙂 Наместо кисело млеко, може павлака, а пиперките не се обавезни.

Пријатно!

   

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар