Пиперки со урда во летна манџа

Пиперки со урда во летна манџа
Пиперки со урда во летна манџа

 

Овој летен ручек сите го правиме во разни комбинации и варијанти, едноставно, но вкусно.
Колку и да ни е топло, пржиме, нема шала 🙂
Една од варијантите…

Состојки

  • пиперки за пржење
  • домати
  • 1 јајце
  •  урда
  • 2 чешниња лук
  • магданос
  • 1 лажиче шеќер
  • сол, сушен зачин, црн пипер, буковец
  • зејтин

Постапка

  1. Измешајте ја урдата со јајце или само жолчка, додајте лук и магданос.
  2. Исчистете ги пиперките од дршките и семките и наполнете ги со урдата.
  3. Затворете ги со доматче или парче леб, за да не истече амурот.
  4. Испржете ги пиперките.
  5. Извадете ги пиперките во сад, а во тавата додадете пиперки на парчиња.
  6. Откако ќе се испржат, додадете лупени домати.
  7. Испржете ја летната манџичка, додадете лажиче шеќер и други зачини, по желба.
  8. Прелијте ја летната манџичка врз пиперките.

Обично комбинирам со компирчиња.
На здравје!

П.С. Тајната на убавиот ручек е во пиперките, секако. Немам овде пиперки да бирам, но меракот е голем. Нашите пиперки, посебно пржаљки или каврџик се најубави, незаменливи и неспоредливи 🙂

Пиперки со урда во летна манџа

Пиперки со урда во летна манџа

Пиперки со урда во летна манџа

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар