За сите кои не постат, едно преубаво саботно јадење, брзинско, а вкусно.
Инаку денес е Тодорова сабота, ден кога момите и ергените се аресувале на овој ден, порано!
Сите се излезени на пазар, а младите си флаат око, се бендисуваат, стара традиција која се одвивала на Корзото во Струмица. Девојчињата стоеле пред Градската аптека, а момчињата на скалите на Градскиот Одбор… И од сите околни села на тој ден доаѓале да се аресат.
Мене ми е баш криво што не знам ниту една лична приказна за љубовта на прв поглед од тој ден…
Денес не се практикува тоа, но приказната се пренесува од колено на колено, и иако со малку потсмев, како да никој не верува во тоа, сепак има многу пораки за љубов во неа …
Се послужив со текстот од кај Николина Јакимовска каде детално е објаснето за празникот.
Еве еден дел за обичаите од мојот крај:
Да се вратиме на рецептот 🙂
Состојки
- попосно сирење
- брашно
- зејтин
Постапка
- Сирењето се сече по желба, но немојте тенки парчиња, тие веднаш се деформираат.
Се става во брашно и се пржи на загреан зејтин.
Потоа температурата се регулира за да не изгори веднаш брашното. - Се врти и од другата страна, најдобро е по еднаш за да не се расипе парчето.
Значи почекајте да се испржи од едната, па дури тогаш свртете го.
Ако ви се разлее, присоберете го како парче и кога ќе се испржи, превртете го или едноставно ставете јајце врз него, секако ќе биде убаво.
Масните сирења потешко се пржат, но ете и за нив има мајстори како татко ми. Сите кои пробале, знаат, а многумина пробале. Омиленото јадење на мајка ми, татко ми го прави најубаво на свет, за појадок, за вечера, за ручек.
Го јадеме во разни комбинации, најчесто со јајца и пиперки.
Пријатно!