Сите мои мусаки-обична со компир

 

Сега најобичната мусака со најстари фотки… Во иднина ќе ставам нови фотографии, но не сакам да си ги отфрлам првите фотографии, важни ми се и тие 🙂

Најобичната, класична мусака е со компири и мелено месо.

Компирите може да ги потпечете претходно во рерна. А баба ми и мајка ми едно време ги пржеа, но ете денес избегаваме.

Состојки

  • 500 гр мелено месо
  • неколку големи компири
  • 1 главица  кромид
  • 1 морков
  • 1 пиперка
  • 1 -2 домати
  • 2-3 чешниња лук
  • сол, сушен зачин, црвен пипер, црн бибер, магданос, оригано
  • зејтин

Постапка

  1. Меленото месо се пржи, во друго тавче се пржи кромид, морков и пиперка, ситно сецкани.
  2. Се мешаат и се додаваат доматите на ситно (може и малку концентрат). Се  додава и лукчето на ленти.
  3. На крај се додаваат зачините.
  4. Се реди компири, па месо, колку сакате редови…
  5. Завршува со компир, се става зејтин, а вода малку, па ако треба ќе додадете.
  6. Се пече на 200 околу еден час.

Сум немала сува пиперка и сум импровизирала…

Мусаката се прави многу едноставно, јас ја правев и лута порано, но сега не можам веќе да јадам луто. Убаво е да налутнува малку.

Ќе ја испечете по желба, но не треба да се исуши, треба да остане сочна.

Ориганото е од поново време, мајка ми користи мирудии-сушено нане.

Пријатно!

 

П.С.

Пред некое време решив да си ги обновам земјаните садови. Со сет мерак изнакупував неколку во Скопје…
Ќе следува…

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар