Солена торта и колачи од тиквици

Тиквиците ги имаме преку цела година, па покрај класичните рецепти кои ги сакаме сите, испробувам и нови, мои идеи, но и други…
Еден таков, преубав рецепт, ми привлече внимание на Coolinarika минатата година и ме инспирира, па направив моја варијанта.

 

Состојки

  • 2 -3 големи тиквици
  • 6 јајца
  • 8 лажици брашно
  • 2 пиперки
  • лук
  • шунка
  • магданос
  • (и случајно лозов лист)

Фил

  • 500 гр кисела павлака или некое крем сирење
  • малку афион за украсување

Постапка

  1. Изрендајте ги тиквиците во еден сад, ставете им сол и оставете ги да се исцедат, потоа фрлете ја водата.
  2. Вклучете ја рерната на 180 степени.
  3. Треба да направите 2 теста, сега изматете 3 јајца со миксер кратко, додадете половина тиквици, половина од брашното и од сé друго, ако не е доволно густо, додадете брашно.
  4. Нанесете ја смесата правилно, на хартија на плех од шпоретот.
  5. Се пече 20 минути.
  6. За тоа време се матат другите три јајца и се додаваат состојките.
  7. Се вади првата кора од хартијата, хартијата се враќа на плехот и се нанесува вториот дел од смесата, равномерно. Се пече.
  8. Сега павлаката може да ја нанесете на каква сакате форма на торта, можете целите теста да ги филувате или пак на ленти да биде повисока, како што правиме за торта.

Користете павлака и повеќе, фил по желба, а и тесто. Јас правев некоја мешавина на павлака и кисело млеко зашто вкусот ми е многогу сладуњав на павлаката овде, а во Скопје ми е супер 🙂
Значи само тиквици и павлака, лук, пиперка, магданос, доволно е, преубаво е!
Но може да си го “исчистите” фрижидерот, што ви останало, исецкајте и додадете. Ете и лозата се нашла таму, тогаш правев многу лоза сарма, останало, па супер ми дојде…
Ставете тоа што вие си сакате и имате, и во тестото, па и во филот, импровизирајте, креирајте 🙂
Мојата торта излезе поинаква, иако базичната идеја е сочувана.
Сечев, кроев, си поиграв и со Pisa, додадов шафран во филот, мајонез, извадив крукчиња од тестото и редев, фил, шунка, тесто, фил, редев, бајаги издржа 🙂
Да напоменам дека шафран се става многу малку, секогаш.
Тортата е прекрасна, ќе си ја направите по ваш вкус и ќе пречекате драги и мили гости!
Сервирано ми е со модар патлиџан со павлака.
Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар