Солена тортица

Знаете дека жива се потресувам кога се фрла храна, на толку гладен свет, не разбирам!
Затоа имам и рецепти “од она што ќе остане”.
А за гладните, многу болна тема, да се надеваме дека ќе дојдат подобри времиња, да се надеваме, откако не сме во можност целосно да го смениме животот на Планетата…
Но можеби можеме малкуцка, секогаш да помогнеме!


Знам дека за поголеми семејства е потешко изводливо, но јас би му нашла крајот и на тоа, чесен збор, од мали остатоци да направам да има за сите 🙂
Битно е да го отворите фрижидерот, оставата, замрзнувачот, што и да е…
Битно е да има нештичко внатре…
И тогаш настапува вашата кративност, од она што имате, макар и остатоци, да си создадете мало ремек делце, слатко, вкусно, лично, ароматично…
Многу едноставно е, верувајте си себе си, нека ве води вкусот ваш и слободата во комбинации 🙂

Тогаш остана од тиквичките, остана од модриот, па имав и пиперки печени и тоа е права гозба веќе, но кој ќе јаде пак исто?
Затоа мала промена и имам оброк за мерак 🙂
Трансформацијата на храна е важна работа, окото си бара естетика, сетилата нови вкусови и ароми, затоа храбро, прекрасен предизвик е 🙂

 

Состојки

  • печени пиперки
  • печени тиквици
  • печен модар патлиџан
  • сирење
  • кисело млеко
  • јајце
  • лук
  • оригано
  • босилек
  • сол
  • кашкавал

Постапка

  1. Печените состојки се редат во намастено плехче како за тортица, помеѓу се става сирење, кисело млеко и јајце, измешани со пресиран лук и зачините.
  2. Одозгора се ренда кашкавал и се потпекува.

Ова е само како идеја, користете ја и прилагодете ја на вашите состојки кои можат да се искористат  на нов начин, секогаш 🙂
Пријатно!

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар