Тестенини со летна манџа

Летно време, само да имам сочни домати и ручекот е готов. Сос, тестенини, или мевце, пржено сиренце, готово…

Сосот, или манџичката од домати, го правам на разни начини, зависи што имам дома, но во основа е домати, лукче..

Овој пат, преубав, преубав сос, летна манџичка, специјално за преубавите машнички од спанаќ, морков, брокула, цвекло…многу имаше напишано.

 

Состојки

  • тестенини
  • домати
  • морков
  • лук
  • пиперка
  • тиквичка
  • целер
  • маслиново масло
  • сол, нане, босилек, магданос
  • малку кафеав шеќер
  • вода по потреба

Постапка

  1. Тестенините се варат според упатството, но внимателно, може и пократко, не е добро преварени.
  2. Додека се варат се прави сосот. Зеленчукот се сече и се пржи, некои форми сум вадела, гледам…
  3. Се додаваат излупените и на коцки исечени домати, се варат заедно, поточно се пржат.
  4. На крај се додаваат зачините. Шеќерот се става кога ќе зовријат доматите и кога може да им се додаде вода малку.
  5. Исцедените машнички се сервираат со сос во некој мал сад или се преливаат…

На машничките не им ставив сос одозгора, за да се видат колку убавки се 🙂 Сосот има прекрасна арома и одличен вкус.

Пријатно!

 

       

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар