Тиквици и патлиџани со печурки

Еден вид летна долма, полнети тиквици и модри патлиџани, со печурки.
Ако не сакате месо, печурките се одлична замена, како што знаете.

Едноставен рецепт, но многу вкусно. Тогаш кога ги правев, имав и округли мали патлиџани, кои не се лоши, на вкус се поразлични и им треба подолго готвење. Навики, вкусови…

 

Состојки

  • 1 модар патлиџан
  • 1 тиквица
  • 250 гр. свежи печурки
  • пиперка
  • морков
  • лук
  • 2 јајца
  • сол, сушен зачин, оригано
  • зејтин

Постапка

  1. Патлиџанот и тиквицата се длабат, патлиџанот се посолува и по 15 мин. се мие.
  2. Печурките се пржат, а издлабеното, пиперката и морковот се додаваат, се пржат, зачини на крај.
  3. Потоа семесата се става на издлабените места, наредени во намастено тавче.
  4. Се печат и при кај се додаваат изматените јајца со сол.

Се сервираат топли, по ваша комбинација. Може да биде главен оброк, но може и како мезе или топло предјадење. Секако и со салата.

Пријатно!

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар