Швајцарско сирење во рерна – Vacherin au four

 

Vacherin au four е типичен швајцарски специјалитет, брз, практичен, а со незаборавен вкус. Типично за нив, што помалку време во кујна, користење на полупроизводи, полуподготвени и многу, многу поздрави од било каде на светот, што посебно ме воодушевува.

Рецептот е всушност име на сирењето истопено во рерна.

Швајцарските јадења се специјалитети на маж ми кој со оромно задоволство ги подготвува, а јас секогаш сум помошникот.
И сé си беше во ред додека не дојде време за сликање. Е затоа што тоа топло, ама многу топло се јаде, почнува бурлеска, што побрзо “сцена” да направам за сликање и да сликам, зашто “отиде да дојде” ручекот.
Обично не планирам со што ќе ги направам фотографиите, кое миле, која боја, нешто друго да поставам во кадар… Не, секогаш набрзина земам чинија, миле, салфета, редам, набрзина сликам, па и стресно е малку да ви кажам… Цело време си велам ајде уште ова, уште ова… 🙂
Е после ручекот ако остане, може, но не секогаш, може да сликам поспокојно.
Така сите фотографии се настанати во трчање, ама бајаги трчање.
Најголем дел од оброците мора да се јадат топли, дури и врели и можете да си замислите како изгледа таа бурлеска со сликањето. Затоа, ако сум извадила добри фотки, се радувам, зашто при вакво брзање, чудо е што нешто и излегува.

Мишел има потполно разбирање, огромна поддршка ми е што е најважниот дел од приказната 🙂

И еве сме кај рецептот.

 

Состојки

  • сирење vacherin
  • 1-2 дл бело вино
  • фолија

Подготовка

  1. Сирењето се продава вака спакувано. Амбалажата се завиткува во фолија.
  2. Се става во тавче, се боцнува на неколку местаи се додава вино.
  3. Се пече на 200°C околу 25 мин.

Попрактични луѓе не знам дали има, секоја пофалба!
Се сервира со крцкав топол леб од фурна загреан, всушност јас така правам и по желба кисели корнишони и мали кромитчиња. Но исто така може и мешана салата, младо кромитче, свеж лук, домати, пиперки..

Пријатно!

 

Напишете коментар