Јагнешка капама

Јагнешка капама
Јагнешка капама

 

Пролетта во кујната мириса на капами, полнети плешки, дроб сарми, полнети сплини, кукуречи 🙂 Многу ги сакам овие јадења, ме потсетуваат на детството, на едни среќни времиња…
Си ги правам и овде, освен кукуречот, нема такво нешто да се купи, порача, или уште не сум нашла, не знам.
Правам неколку варијанти на јагнешка капама, со ориз, со спанаќ, со компир, мешано…

А сега со млад кромид и магданос.
Најважно за капамата е да е задушена, во покриено тенџере или тава, тесто.
Може на рингла, може во рерна.

Вкусот на младото кромитче кое доминира, во комбинација со јагнешкото е пролетно јадење на кое ретко кој може да му одолее, посебно затоа што е малку чорбесто, може да се јаде со лажица и е добредојдено после празниците.

 

Состојки

  • 450 гр јагнешко месо
  • млад кромид повеќе
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 голема лажица брашно
  • сол, црвен пипер, сушен зачин, црн пипер, дафинов лист
  • зејтин
  • магданос

Постапка

  1. Месото, ако ви е пресно, згответе го по желба, пржено или варено. Јас имав јагнешко од плешката, значи печено, го расеков и го тргнав на страна, зашто нема потреба од почеток да биде ставено во рерна. Зависи какво е мевцето и како сакате најмногу да го приготвите, зашто има помеко и она кое бара подолго подготвување…
  2. Сега подгответе го младиот кромид и лук, ситно и тенко исечено.
  3. Ставете ги во тава за печење. Додадете зачини, брашно во ладна вода растворено, зејтин, вода.
  4. Промешајте, пробајте на вкус. Нека се пече покриено, задушено, на тивко, внимавајте на водата.
  5. После 40 минути треба да е готово за првата фаза, откријте, ставете ги парчињата месо, магданосот, промешајте, ако треба додадете вода и вратете го на печење, непокриено.
  6. Ќе се направи прекрасна кашаста манџичка со преубав пролетен вкус и арома.

Ова може да го правите и на рингла, исто задушено.

Месото може да го ставите директно во тава или тенџере, ако е пресно и меко.

Е па воила, само бајаги лепче треба со капамата 🙂
Претпоставувам дека секое семејство прави по свое, има друго име можеби, љутиш нема на тоа, сите се убави 🙂

Пријатно!

 

2 thoughts on “Јагнешка капама

Напишете коментар