Богат чалбур

Богат чалбур
Богат чалбур

Чалбурот во уште една варијанта, со ќофте, компир и сирење.
Ова е моја варијанта, инспирирана од традицијата и струмичките чалбури. Излезе многу вкусно.

Ќофтињата обично ги правам со кашичка или со доматен сос, но овој пат морав да искористам што имам по дома и така се раѓаат нови комбинации…
Челбурот е едно од највкусните јадења за гурманите, па еве уште една идеја плус за макање 🙂

Состојки

  • ќофтиња
  • лук
  • 1 голема лажица брашно
  • црвен пипер, сушен зачин, свежо нане, црн бибер, босилек, сол
  • маслиново масло
  • морков
  • сирење
  • рендан компир

Постапка

  1. Најдобро е да го правите кога ќе ви останат ќофтиња.
    Сега најпрво испржете лукче на тенки листови, па додадете го морковот исто на тенки кругови.
  2. Откако малку ќе се пропржат, испржете кратко брашно и црвен пипер, па додадете ладна вода.
  3. Нека зоврие, па додадете рендан компир (јас имав останато), а на крај дробено сирење.
  4. Кога компирот е готов, спуштете ги ќофтињата во тавчето и чалбурот е готов.

Вкусот беше преубав, сирењето се вклопи со ќофтенцата и компирот, за мерак…
Комбинирајте со салата…

П.С.Рецепт за ќофтиња ќе ставам накнадно.

Напишете коментар