Кајгана со колбаси

 

Кајганата на милион начини, а со колбаси посебно омилена.

Состојки

  • јајца
  • колбаси
  • млад кромид
  • пиперка
  • тиквица
  • сол

Постапка

  1. Испржете ги колбасите.
  2. Изматете ги јајцата, додадете сецкани кромид, пиперка, тиквица, зачини по желба…
  3. Ставете ги јајцата во силиконски или поинакви (намастени) калапи, на средина ставете колбаси и испечете ги.

Комбинирајте со салата. Можете едноставно да помешате сé и да направите голема кајгана 🙂
Mене ми беше мерак да ги направам вака, ем за презентација, ем за мезе.

Добар апетит!

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар