Боранија во млеко

 

Овој рецепт ми беше многу актуелен порано, а сега го зачестив повторно. Баба и на Ива го правеше прекрасно, стар струмички специјалитет, да не го заборавиме.

Вообичаено правам посна боранија, а ако веќе треба да е со месо, вака најмногу ми се допаѓа.

Состојки

  • 400 гр жолта боранија
  • 500 гр мелено мешано месо
  • млеко
  • пиперка
  • морков
  • кромид
  • лук
  • сува пиперка
  • сол,сушен зачин,црн пипер,црвен пипер
  • зејтин
  • магданос

Постапка

  1. Испржете го најнапред месото и тргнете го настрана.
  2. Потоа испржете го кромидот, пиперката, морковот, лукот.
  3. Додадете ја и боранијата, свртете ја неколку пати.
  4. Ставете го и месото, нека заедно се пропржат.
  5. Сега ставете ги зачините, сувата издробена пиперка и млеко во висина на боранијата, исто како што ставаме вода.
    На боранијата не треба да и ставаме многу вода, туку по малку, постепено да додаваме.
    Така и млекото. Млекото го мешам со малку вода.
  6. Се динста на тивко додека да се свари боранијата.
  7. Се додава магданос, буковец…

Битно е да не се превари, зависи од боранијата, ќе пробате…

Боранијата секогаш ја сервирам со кисело млеко.

Пријатно!

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар