Динстано јунешко со печурки

Динстано јунешко со печурки
Динстано јунешко со печурки

Имам еден објавен рецепт за динстани шницли, ова е многу слично, ручек за празник, или за недела кога се има повеќе време. Ќе се обидам да објаснам што пократка верзија, а сепак да биде превкусна.

Другиот рецепт може да го видите овде.

Состојки

  • неколку јунешки шницли
  • малку брашно
  • 500 гр печурки
  • 2 моркови
  • 1 црвена пиперка
  • 2-3 каварџик пиперки
  • 1 сува пиперка
  • неколку чешниња лук
  • сол, сув зачин, црн пипер, босилок, дафинов лист, црвен пипер
  • магданос
  • неколку лажици павлака
  • зејтин

Постапка

  1. Измијте го зеленчукот и месото.
  2. Испржете ги печурките најпрво, тргнете ги настрана.
  3. Во истиот сад, испржете ги шницлите со брашно.
  4. Вратете ги печурките вез месото, ставете малку вода, додадете дафинови листови, малку црвен пипер и нека се динстаат на тивко. Доколку месото е потегаво, може винце да додадете.
  5. Во друг сад испржете го зеленчукот, освен сувата пиперка, нека се ситно исецкани, а за тоа време месото ќе се динста и омекнува.
  6. Додадете го испржениот зеленчук на месото и печурките, додадете ја сувата пиперка, промешајте, додадете водичка ако треба, но не многу.
  7. Од динстањето, пиперките, морковот и лукот ќе направат преубав сос, внимавајте на течноста и кога месото ќе биде готово, додадете зачини.
  8. Се трга настрана и се додава павлака, магданос… (Немав павлака додадов кисело млеко).

Дали павлака или кисело млеко, подеднаво е вкусно. Можете компир или ориз плус, но ете јас гледам почесто вакви комбинации да правам, поздрави се.

Пријатно!

 

Динстано јунешко со печурки

Динстано јунешко со печурки

 

 

 

 

 

 

 

Динстано јунешко со печурки

Динстано јунешко со печурки

 

 

 

 

 

 

 

Динстано јунешко со печурки

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар