Задушен ориз

Задушен ориз
Задушен ориз

 

Во недостаток на време, ќе го искористам текстот кој веќе сум го објавила на порталот Strumicasity.

 

Најпрво се пржи кромидот, па се додава оризот, се пржи, се додава врела вода, се вари 12 минути, се поклопува и се тргнува на страна. И тоа е целата приказна за најубавиот ориз, задушен ориз.
Така го правам цел живот, но претрпе бајаги измени, иако основниот рецепт го сочував.

Со тек на времето, почнав да додавам морков, пиперка и магданос, кромидот го исфрлив, никако не ми оди, а го комбинирам и со спанаќ, со тиквичка, тиква и слично, убав е секако…

Ставам и кора од лимон кога имам тиквичка или тиква, прекрасен вкус добива.

Основниот рецепт е од Качето, огромна благодарност.

Рецептот ми е објавен многу одамна, немам некои убави фотографии, ќе треба да си направам и да ги додадам…

Состојки

  • 250 гр ориз-750 мл врела вода
  • 1 морков
  • 1 црвена пиперка
  • магданос
  • по потреба зејтин
  • по потреба сол, бел бибер, сушен зеленчук

 

Постапка

  1. Најпрво подгответе ги морковот и пиперката на мали коцкички или долгнавести стапчиња, по желба.
  2. Пропржете ги морковот и пиперката.
  3. Додадете го оризот, убаво измиен, пропржете.
  4. Ставете врела вода, нека врие 12 минути на среден оган. При крај додадете ги зачините и магданосот. Протресете, не треба да се меша.
  5. Поклопете и тргнете го тенџерето од ринглата.

После 20-30 минути, оризот ќе ја земе водата и готов е за сервирање. Доколку сакате да биде сервиран во голема чинија, префрлете го веднаш во украсна чинија и поклопете го. Не треба да се меша, само протресете ја чинијата.

Може да биде посен оброк, здрав и вкусен, но и гарнир на месо. За да го имате вистинскиот вкус, користете само кочански ориз, другите не ги препорачувам.
Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар