Пиде со праз и карфиол

 

Турското пиде е нешто како пица, само што има форма на чамец. Мислам дека најчесто е со мелено месо, но и со најразлични додатоци. За разлика од пидето, лахмаџунот, преубав нивни специјалитет е со мелено месо, без толку зеленчуци…Е сега сите си правиме по свое, а како и не би, турската кујна ми е најубава, најблиска, без да навлегувам повеќе во таа тема 🙂

Веќе имам објавено рецепт кој може да го видите овде.

Оваа пиде е со праз и карфиол, ептен здраво пиде 🙂

 

Состојки за тесто

  • брашно по потреба
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 1 сув квасец (вообичаено до 700 гр брашно најмногу, за повеќе брашно, ставам 2 ќесички)
  • 2 лажици маслиново масло
  • вода половина од брашното

Состојки за одозгора

  • маслиново масло
  • карфиол
  • праз
  • црвена пиперка
  • зелена пиперка
  • кашкавал
  • сол, оригано

Постапка

  1. Ставете го квасецот со шеќерот во млака вода да стаса.
  2. Во еден длабок сад за месење, ставете го просеаното брашно.
  3. Додадете ја солта, маслото, квасецот, водата и замесете меко тесто. За меко тесто, секогаш треба половина вода од брашното, а може и малку повеќе.
  4. Оставете го покриено да нарасте.
  5. Обично правам кора и сечам долги парчиња, секогаш правам неколку различно полнети.
  6. Формирајте го тестото како чамец, (направете колку сакате на број) и ставете го на хартија на плех, дооформете го како сакате.
  7. Премачкајте го со маслиново масло.
  8. Изрендајте кашкавал малку на дното на пидето.
  9. Ситно исецканиот праз, карфиолот на тенки кришки и пиперките, наредете ги по желба.
  10. Нарендајте одозгора повторно кашкавал. Може да си ставите посен кашкавал, ако сакате.
  11. Се пече до заруменување на 200 степени.

 

Се јаде топло, комбинирајте со зелена салата.
Пријатно!

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар