Покрај другите рецепти ќе има и предлози за посни јадења, со напомена да си ги прилагодите на ритамот на постите.
Ова и не е некој рецепт, сите знаете да испржите компир, но ете сега го видов младиот компир и ќе почнам со него, време му е…
Состојки
- млад компир
- маслиново масло
- млад кромид
- зачини по желба, сол, буковец…
Постапка
- Младиот компир се мие и се исушува со салфетка.
- На тефлон тава се става малку маслиново масло да се загрее, па се додаваат компирите да џ,шнат малку.
- Се покриваат со капак и се намалува температурата, се пржат додека омекнат, често се протресуваат.
- При крај се додаваат зачини…
Може да се комбинира со ајвер, пинџур и секако свежи домати, краставици…
Мене ми е највкусно со младо кромитче.
Пријатно!
[gallery_one id=”4123″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]