Тиквици и сармички на старински начин

Време е и за тиквиците кои ги готвиме на најчудесни начини, а кај нас, овој начин е старинскиот, ѕирнете, нема да погрешите!

 

Состојки

  • неколку тиквици
  • лозови листови
  • мелено месо
  • ориз
  • млад кромид
  • млад лук
  • зејтин
  • сол, црвен пипер, црн пипер, нане
  • 1-2 јајца
  • лимон
  • зејтин

Постапка

  1. Најпрво подгответе ги тиквиците, издлабете ги за полнење, а полнежот исецкајте го и ставете го на дното во тенџерето во кое ќе варите.
  2. Подгответе листови од лоза со кратко попарување. Ако се од зимница, измијте ги. Сите листови кои се искинати, исецкајте ги и ставете ги во тенџерето.
  3. Во друг сад, испржете го кромидот, лукот, морковот, додадете го меленото месо и оризот.
  4. Ставете зачини, откако сето тоа е испржено, додадете малку врела вода за да набабри оризот.
  5. Сега посолените тиквици наполнете ги со филот-амурот.
  6. И најважниот момент! Завиткајте сармички и со нив затворете ги тиквичките, ама ептен ми се допаѓа 🙂 Рецептот на баба ми 🙂
  7. Некои тиквици, покријте ги со листови и заврзете ги како на фотографиите.
  8. Наредете ги во тенџере, залијте ги со вода и нека се варат на тивко, не треба долго, тиквиците не треба да се преварат.

На крај се прави сосот со јајце и лимон, а рецептот може да го видите овде.

Имав разни тиквици, па некои побрзо стасуваа, на некои им требаше повеќе време…
Имам разни фотографии, едни се со месо, други се посни, од вчера крајот не можам да си го најдам…Пишувам педантно за секоја група фотки, но не сум напишала кои се посните, така да ќе има и посен рецепт, а ако некои слики се помешани, простете!

Овие тиквици со сармички се многу вкусни, лесни за јадење, одлични за во летните денови, а трпезата со нив изгледа баш онака старински и покрај новите видови тиквици, и нé враќа во едни мирисни, среќни, времиња.
Пријатно!

П.С. Конецот треба да се извади пред сервирање, на првите слики намерно го оставив 🙂

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар