Тава ориз, компир и суви пиперки

Тава ориз, компир и суви пиперки
Тава ориз, компир и суви пиперки

Не е многу здраво можеби, но комбинацијата ориз и компир многу ја сакаме зашто вкусот е преубав. Подготвувам задушен ориз и печен компир, може и мевце, но еве и вака, иако поретко, а зависи од времето што го имам и зафатеноста на шпоретот.
За вкусно, гарантирам 🙂

Состојки

  • 1 филџан ориз/3 вода
  • 4 компири
  • 1 морков
  • 1 пиперка
  • зејтин
  • суви пиперки
  • магданос
  • сол, црн пипер, буковец, босилек, сув зачин

Постапка

  1. Најпрво компирите се сечат на подебели тркалца.
  2. Голема тава од рерна со зејтин, се става да се загрее на горната решетка од рерната.
  3. Кога ќе се загрее зејтинот, се вади тавата и се ставаат посолените компири, може и црвена пиперка, лукче…Се пече на 220 степени.
  4. На рингла се пржи морковче и пиперка ситно сецкани, па се додава измиениот ориз. Се пржи убаво, се додаваат зачини на крај. Се префрла во округло тавче, се додава врела вода, суви пиперки и се става на печење, а компирот се вади од рерната на кратко.
  5. По десетина минути, кога водата е малку испарена се додава компирот одозгора и се допекува.

Може заедно да го ставите компирот и оризот, поедноставно е, нели, но сепак оризот ќе е побрзо готов, а компирот ако е во водата потопен, му треба подолго време. Затоа така правам, но да се внимава компирот да остане сочен.

Па со суви пиперки колку е убав вкусот, немам зборови. Е да, можете да си ставите кромид, секако, не бива без тоа, но јас со оризот одамна го избегнувам, не ми оди 🙂 🙁

Може да биде прилог со месо, риба, но и главно, посно јадење.
Пријатно!

 

Тава ориз, компир и суви пиперки

 

Тава ориз, компир и суви пиперки

 

 

 

 

 

 

Тава ориз, компир и суви пиперки

 

Тава ориз, компир и суви пиперки

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар