Швајцарски шпецли-spätzli

 

 

Ете ги и швајцарските шпецли, најчесто ги комбинираат со дивеч,зајак, гулаш…
Превкусни се во било која комбинација.

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 1 мало лжиче сол
  • 3 јајца
  • 1,5 дц вода и млеко
  • 1 лажица зејтин
  • плус сол за водата

Постапка

  1. Се мешаат состојките, треба да е потечна смесата.
  2. Се покрива и се остава 30 минути.
  3. Во големо тенџере се зоврива вода со сол по желба, одозгора се става капак за цедење и се става од смесата која протекува низ отворите. Кога ќе испливаат на површина, готови се и така се прави за секоја тура. Токму такви се продаваат, како свежа паста.
  4. Потоа се пржат 5 минути.

Ви дадов рецепт доколку сакате да си направите сами, овие на сликата само ги испржив, но еден ден ќе си направам домашни.
Овој пат ми беа сервирани со риба што не е честа комбинација кај нив, но баш ни се допадна.

Пријатно!

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар