Овој рецешт, доаѓа од хроно исхраната, се воодушевив кога го видов негде, и не згрешив што го пробав. Не се сеќавам дали имаше пиперка, но јас без пиперка не можам 🙂
Го бев објавила минатата година на страницата, но немав убави фотки, само две од подготовката, па си реков да направам.
Ама и ја разработував идеата 🙂 , позбогатено бев правела, можете да видите овде.
Во друга прилика, третата варијанта, сега базичната, и дојде редот.
Овој пат некои парчиња карфиоли се поголемки, но не смета, иако во оргиналниот рецепт се како кус кус издробени.
Состојки
- 500 гр пилешки гради
- неколку цветови карфиол
- црвена пиперка
- лук
- сол, бел бибер, буковец, магданос
- маслиново масло
Сос
- сенф
- мајонез
- павлака
Постапка
- Месото се пржи на коцки.
- Карфиолот се дроби колку што може поситно, како кус кус.
- Се пржи сецкана, црвена пиперка, се додава лук, па карфиолот и се пржи да остане крцкав. Значи не се вари, не се додава вода, туку внимателно се пржи.
- Пред крај се додава испрженото месо и зачините, се пропржува сé заедно.
- Се меша малку сенф со мајонез и павлака, па се прелива.
Преубаво за летно време, вистинско освежување!
[gallery_one id=”11280″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]