Свински кременадли со кашкавал

 

Брз и едноставен ручек, а богат според состојките…

Состојки

  • свински кременадли
  • сол
  • рузмарин
  • маслиново масло
  • млад кромид
  • кашкавал

Постапка

  1. Истолчете сув рузмарин, додадете малку сол и маслиново масло.
  2. Премачкајте ги кременадлите со рузмаринот, завиткајте ги и ставете ги во фрижидер одвечер или барем неколку часа.
  3. Испржете ги кременадлите, префрлете ги во сад за печење, наросете млад кромид и изрендајте кашкавал.
  4. Печете колку да се растопи кашкавалот, но на послба температура.

Комбинирав со карфиол, тиквици и пиперки со кашкавал, потпечени, ќе следува рецепт.

Преубава комбинација, а и баш здраво!

Пријатно!

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар