Скара на езерото

Скара на езерото
Скара на езерото

После дождливата и ладна пролет, конечно во неделата, огреа милно сонце.
Не ни требаше многу да се мислиме за скара, одамна го чекавме моментот.
Дилемата беше на тераса или на езеро? Набрзина решивме, набрзина се подготвивме и трк на езерото…

Немаме специјално место за скари, не знам зошто така, нема нигде клупи и маси како во многу други места. Не ни е баш нешто уредена ни плажата, има само неколку лежалки на плажата во Clarens…
Уредено, не уредено, мерак ни беше баш на плажата, а не е забрането, туку само таму и може да се запали скара.
Си ја земавме пикник масичката, заборавивме дека ги фрливме столиците, а нови не сме купиле…Ќе си стоиме, ќе се размрдаме, решено, сторено, па што ако нема кај да си седнеш?
И така би, од нога си каснавме, мир, тишина, езеро, алпи, убавина…
Не сум многу по месото, а Мишел напротив, го сака, но и тој количински не може многу да изеде, па така вчера имавме реприза на тераса и пак остана 🙂

Кога правиме скара, колбасите ни се први, без оглед кои, сите им се убави.
Свински ребра, пилешки копанчиња и јагнешко суфлаки, додуше растурено, оти и стапчиња немавме, освен едно 🙂 И уште модри патлиџани, пиперки, сиренце и разни, мали салатички…
Ех, циркус бев со аранжирањето, Мишел вели ќе јадеме веднаш штом се испече нешто…
Е арно, ами кога и како да сликам?? И така во убрзан филм, се надевам успеав да ви доловам нешто од неделата…
А мајсторот на скарата, единствен! Само не го сликав…

П.С. Кога ни е однапред планирано, правиме и ќебапчиња, плескавици и повеќе салати, а ова беше ептен брзински 🙂

Скара на езерото

Скара на езерото

 

Напишете коментар