Модар патлиџан со ајвар и павлака

Модар патлиџан
Модар патлиџан

Ако имате уште од стариот ајвар, време е да го потрошите, иако не верувам дека ви останал 🙂 Јас правам по малку, па морам после да се докупувам. На тема модриот патлиџан, уште по некој рецепт низ годините 🙂

Не знам дали сте пробале, ама навистина е превкусно.

 

Состојки

  • модар патлиџан
  • ајвар
  • неколку лажици павлака
  • кашкавал
  • магданос
  • маслиново масло
  • сол

Постапка

  1. Патлиџаните се подготвуваат на долги кришки, се сечат, се посолуваат, по 10-15 минути се мијат.
  2. Се сушат со салфета, се премачкуваат маслиново масло и пак се солат.
  3. Се печат на хартија на плех, на горната решетка во рерната.
  4. Потоа се задушуваат малку, па кога ќе се оладат се става ајвар помешан со павлака, рендан кашкавал, магданос и се виткаат во ролатче.

Убаво мезе, а и практично! Може сиренце да ставите место кашкавал, лукче, млад кромид, по желба. Ајвар со павлака е превкусно, пробајте! И со мајонез може, гурмани, напред 🙂

Пријатно!

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар