Не знам колку веќе комбинации за модрите патлиџани имам и никогаш доста…
А за ова конкретно беше држ, не дај работава…
Имено, биеното сиренце беше на крај, рендај, рендај, не се познава во чинијата оти огромна, а ми требаше и за нешто друго…Ама после го дорендавме до крај, само слика таква немам 🙂
Сега имам новичко, ќе направам, ќе сликам 🙂
Биеното сирење мене ми е малку пресилно, пресолено, не сме многу научени на него јужњаците…
Но, но, го обожавам шмекот што го има, само количински малку можам да каснам…
Уште едно убаво мезенце, ете 🙂
Состојки
- модар патлиџан
- маслиново масло
- сол, црн бибер, буковец
- биено сирење
- лук
- магданос
- ротквици
Постапка
- Патлиџаните се подготвуваат на кришки со сол, како секогаш за да им излезе лутата вода.
- Потоа се мијат, сушат и се пржат на грил тавче премачкано со маслиново.
- Се редат во чинија за сервирање.
- Се посолуваат, бибер, магданос, лукче…буковец, ореви, по желба…
- Одозгора се ренда биено сирење, додека се топли, да се истопи малку или се загрева во микро, рерна…Поубаво е омекнато кога е.
Салата, мезе, како сакате, нерендајте си повеќе сиренце и уживајте!
Пријатно!