Излет

Излет
Излет

Вчера, 25 мај, овде беше празник, Assention, по нашки Спасов ден, а оваа година се паднаа заедно, во ист ден.
И беше Ден на младоста! Празник кој буди многу сеќавања, преубави сеќавања!

Носталгија на тони… Тежина на душа како и секој празник…
Затоа маж ми златен, за да ни го разубави денот, ни организирал пикник.

Негде околу 14 часот, се распославме на перниците, масата меѓу нас и по антички, полулежејќи, си каснавме од тоа што имаше по дома…
Зад нас играа pétanque, сегде на Медитеранот се игра, не ми текнува како се викаше, а пред нас одеа на жици…
Дечиња, точаци, кучиња, скари, музика, лежење, лежење до бесвест…
Трева зелена, крошни богати, езеро солза…
Е сеа Буби го боле меот, прејадовме, но тоа е тоа, кога не знам да мезам ?

Се изналежавме под шарени сенки, море можело и ептен дембелија
Ама ептен убаво беше! Незаборавен, едноставен, во допир со природата, ден!
Убаво е да се почувствува природата, посебно кога си ептен домашар.

Мезето ни беше пржени ќофтенца, потоа печени пиперки и тиквици во сос од лукче и магданос. Направив и сос-манџичка од лук и домати со многу босилек, мислејќи дека дома ќе бидеме, си планирав со пататникот, одличен ручек ќе имаме.
Но додека јас се зафатив со нешто друго надвор, Мишел, спакувал сé убавко, направил и салата, и едноставно ме изненади со пикникот…

И повторно сеќавања…Така одевме на излет со родителите, па станавме родители и повторно одевме…Но нашите деца повеќе растеа во други околности, рестораните ги заменија ќебенцета…
А ќебенцето, ќофтињата и лектирите на тревата во паркот, вечно ќе ги носам во себе.
Зашто ниту еден ресторан не може да ни го даде допирот со природата…
Овде одење во ресторани е строго наменско и ретко, не е како кај нас…
Ние си имаме еден омилен ресторан кој може да го посетиме во август ако сме овде и толку, домашната храна не може со ништо да се мери…
Е па браво Мишел! Браво, ден за одмор, ден за семејството, преубав ден!

П.С. Заборавив да кажам дека дувкаше ветренце и обраќаше салфети и кујнски крпи, иначе имавме 🙂 Миље, не, немав, ама кујнските крпи, ем штиркани, ги собирав неколку пати по тревата, безобразно ветре 🙂
А денес се снабдивме и со нови столчиња 🙂

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар