Ако имате уште од стариот ајвар, време е да го потрошите, иако не верувам дека ви останал 🙂 Јас правам по малку, па морам после да се докупувам. На тема модриот патлиџан, уште по некој рецепт низ годините 🙂
Не знам дали сте пробале, ама навистина е превкусно.
Состојки
- модар патлиџан
- ајвар
- неколку лажици павлака
- кашкавал
- магданос
- маслиново масло
- сол
Постапка
- Патлиџаните се подготвуваат на долги кришки, се сечат, се посолуваат, по 10-15 минути се мијат.
- Се сушат со салфета, се премачкуваат маслиново масло и пак се солат.
- Се печат на хартија на плех, на горната решетка во рерната.
- Потоа се задушуваат малку, па кога ќе се оладат се става ајвар помешан со павлака, рендан кашкавал, магданос и се виткаат во ролатче.
Убаво мезе, а и практично! Може сиренце да ставите место кашкавал, лукче, млад кромид, по желба. Ајвар со павлака е превкусно, пробајте! И со мајонез може, гурмани, напред 🙂
Пријатно!