Погача цвет

погача
погача

Погачата сите ја знаете, популарна е, а и јас ја имам објавено како Ивина зашто додавав и други работи…
Но никако да ја објавам оригиналната, едноставна, а преубава погача. Ја правам и со сирење, кој пробал, знае што е памук тесто 🙂

Правена е секогаш во некои брзања, чудни околности, таква и судбина, но сум морала да ја овековечам овој пат!
Толку едноставна, а толку убава, ви ја препорачувам секогаш со разни доматни манџички кои ги јадеме во лето…

 

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 300 мл млеко
  • 1 квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 0,5-1 дл зејтин
  • 200 мл вода и повеќе ако треба
  • 1 лажица сол

За одозгора

  • 125 гр растопен маргарин
  • 1 јајце
  • ким (го нема во оригиналниот рецепт)

Постапка

  1. Просејте го брашното и ставете во вангла околу 700 гр., чувајте за месење…
  2. Квасецот стасете го со шеќерот во млакото млеко.
  3. Додадете го во брашното, додадете лажица сол, зејтин, вода по потреба за меко тесто…
  4. Месете додавајќи брашно и оставете го половина час да стаса, покриено.
  5. Потоа ставете го на побрашнето место, краевите на тестото ставајте ги накај средина, па со раце расплескајте круг колку еден прст дебел. Со сукало израмнете го.
  6. Намачкајте со растопен маргарин длабоко тенџере за печење.
  7. Сега со чаша вадете кругови, првиот ставете го на топче тесто и почнете да редите како на сликата.
  8. Секој круг премачкајте го со маргаринот.
  9. Така редете до крај, на средина една ружичка и нека стаса 15 минути, покриено.
  10. Премачкајте со јајце, ставете ким ако сакате и на печење половина час на 220.

И потоа, летни манџички, летни мезиња, уживајте 🙂

Малку изменета, може да ја видите овде.

Погачата треба да биде висока, не се гледа баш на сликите, но иако огромна, лесна е како пердув…
Не може да погрешите, само замесите меко тесто и тоа е тоа, наједноставна погача, а највкусна 🙂

 

погача

 

Напишете коментар