Појадок за здравје

Појадок за здравје
Појадок за здравје

Појадокот е многу важен, знаете сите… Диетален, или богат и разноврсен, секогаш да го имате! Енергијата треба да започне наутро!
Моите родители секогаш подготвуваат пребогат појадок, пржени јајца, пржено сирење, пржена урда, пинирлии, просеник, баници…
Еден период и јас го практикував таквиот појадок, но ете дојде време кога за пржење и печење некако се нема баш многу време наутро…

Ова е еден од нашите неделни појадоци, лежерен, малку и мрзлив зашто е пеколно топло и не се готви, не се јаде… А полн со витамини, омилените книги, сокот од трендафили во исчекување, најдов рецепт, најдов трендафили 🙂 И кафето, секако, млеко исто така, по желба… Мед, путер, ништо особено, но нам многу важно, зашто е убав моментот, неделен појадок без брзање…

Деновиве, по којзнае кој пат, срце ми се скина гледајќи дечиња како плачат за лепче, неиздржлива болка ми е!
Жално, срамно, недопустиво!
Сé додека имаме гладни дечиња на Планетата, во Македонија, не сакам да прифатам да се нарекуваме Цивилизација!!!

И секогаш кога јадам, си спомнувам…
Нека овој мој апел стаса до БОГАТИТЕ ГОСПОДА кои се кројачи на Планетата, а не знаат што да прават со парите им!
Нека се подигне Свесноста и нека заживееме како Совесни луѓе и на Планетата, а и во мојата Татковина!
Е сега оние кои помагаат за да си ја исперат совеста, нема да ги критикувам, за дечиња се работи, па дури и искривената хуманост е добредојдена!!!

Кога децата секое утро ќе имаат лепче, путерче, млеко, полно овошје, кога нема да капе ниту една детска солза за храна, тогаш нека се наречеме ЛУЃЕ и ЦИВИЛИЗАЦИЈА!
Кога секое дете ќе расте со љубов, етика и морал, со многу квалитетно образование, посветено здравство и култура од која нема да се срамиме, тогаш, тогаш да се наречеме ЦИВИЛИЗАЦИЈА!
Ја користам секоја можност да потсетам, НЕ СМЕЕ ДА ИМА ГЛАДНИ ДЕЦА!!!

А Вие драги мои, имајте го моментот, по утрото денот се познава 🙂

 

 

Напишете коментар