За овој рецепт сирењето е швајцарско Tomme de Vaudoise, но не е обавезно, може и друг вид сирење кое е меко и топливо внатре. Ма какво и да е, може ли без пиперки?
Всушност и нема некој рецепт, се пржи -пече сирењето на рингла, се додаваат пиперки кога ќе почне да се топи, се пржат-печат и они, и при крај се додаваат перца од млад кромид.
Комбинацијата е битна, а и вкусот на сирењето, секако.
Состојки
- сирење за топење
- пиперки
- млад кромид
- магданос
Постапка
- Пиперките се сечат на ленти.
- Потоа се подготвуваат перца од млад кромид.
- Сирењето се става на тавче да се пече на рингла, да почне да се топи.
- Штом почна да се топи, се ставаат пиперки на тенки ленти.
- При крај се додаваат перцата.
Може да зачинете по ваша желба.
Може да биде предјадење, или појадок, вечера, како сакате.
Пријатно!