Пржен млад компир

Пржен млад компир
Пржен млад компир

Покрај другите рецепти ќе има и предлози за посни јадења, со напомена да си ги прилагодите на ритамот на постите.

Ова и не е некој рецепт, сите знаете да испржите компир, но ете сега го видов младиот компир и ќе почнам со него, време му е…

Состојки

  • млад компир
  • маслиново масло
  • млад кромид
  • зачини по желба, сол, буковец…

Постапка

  1. Младиот компир се мие и се исушува со салфетка.
  2. На тефлон тава се става малку маслиново масло да се загрее, па се додаваат компирите да џ,шнат малку.
  3. Се  покриваат со капак и се намалува температурата, се пржат додека омекнат, често се протресуваат.
  4. При крај се додаваат зачини…

Може да се комбинира со ајвер, пинџур и секако свежи домати, краставици…

Мене ми е највкусно со младо кромитче.

Пријатно!

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар