Грав со домат

Грав со домат
Грав со домат

 

Една од многуте варијанти на варен грав, посен.
Имам неколку начини за подготовка на гравот, а традиционалниот струмички, со црвен пипер, може да го видите овде.

Овој рецепт е потполно ист, само што имам додадено и излупен, рендан домат, ако е мал, може два. Баш ми е погоден за летно време кога доматите се најубави.
Кога правам тавче, знам да ставам кругови домати и кромид одозгора, но во варено, не практикував. Можам да речам дека и вака е преубаво, а може и лукче да се додаде.

Ќе напоменам дека црвениот пипер за вареното гравче ми е многу битен, не ги сакам анемичните или кафеав црвен пипер, ако се вели црвен, треба да биде вистина црвен.
Треба да се внимава од каде се купува, посебно на пазар, заради додавање на многу штетни материи.
Ќе речам и тоа дека останува поцрвен ако се додаде во топлата вода, но не кога ќе почне да врие гравот, туку пред тоа.

Пријатно!

 

Грав со домат

 

 

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар