Доматен сос

Доматен сос
Доматен сос

Без сосови не можеме да си замислиме, како риба, ќофте, ребра, тестенини и што ли уште не, како без сосови? И така комбинации разни, вкусови разни…


А јас… Брзам да ставам што повеќе рецепти од стотиците необјавени, спијам и пишувам, не сакам да се жалам, но тоа е тоа! Утре може да си ги видам грешките!?

Нека и овој сос ви биде на ум, имајте го, корисен е за многу комбинации!

 

Состојки

  • домати
  • концентрат домати
  • 1 главица кромид
  • суви пиперки
  • лук
  • магданос, сол, сушен зачин, босилек
  • 1 лажиче шеќер
  • маслиново масло

Постапка

  1. Доматите се лупат, се рендат и пржат. Се додава од концентратот малку, па водичка, и нека вари.
  2. Во друго тавче се пржи кромидот, па се додава лукот. Испржени се ставаат во сосот.
  3. Се  дроби пиперката и таа се додава.
  4. Се меша повремено, се згуснива и се додаваат зачините.

Се сервира по желба, можности многу…
Може да го замрзнете во кесички.

Пријатно!

Доматен сос

 

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар