Кисела зелка со праз-посно

 

Посебно ја сликав зелката, зашто и посебно ја правев. Правев една посна тава и уште една со месо.

Мене не ми треба месо, може колбаси, но пак мала количина. Вака е преубава 🙂

Состојки

  • 1 главица кисела зелка
  • 3 страка праз
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 2-3 компири
  • 1 црвена пиперка
  • сува пиперка
  • црн пипер, црвен пипер, буковец
  • зејтин

Постапка

  1. Измијте ја зелката низ неколку води, оставете ја да стои во вода која треба често да се менува, околу половина час.
  2. Испржете ја прво зелката, сечена на ситно. Ги вадам дебелите места од кочанот, неколку листови замотувам како ролат и ги сечам тенко за побрзо.
  3. Додека се пржи зелката, а и треба повеќе време, подгответе го останатиот зеленчук, исецкајте го и почнете да го пржите.
  4. Кога е готов, додадете го во зелката, додадете зачини и префрлете во тава за печење.
  5. Додадете малку вода, се додава по малку кога ќе испари.
  6. Се пече на тивко неколку саати, печев 3 1/2 часа.

Преубава посна тава, навистина многу вкусна. Компирот мене многу добро ми се вклопува, а друг пат со ориз  ќе биде 🙂

Пријатно!

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар