Ги гледам сликите од порано, посебно за оризот и ја гледам разликата. Нема поубав од кочанскиот ориз, но секако не од пазар. Што дека купив, не е тоа тоа… Поздрав Никола, нема поубав ориз од вашиот, следниот пат да се снабдам треба 🙂
Еве уште една комбинација на задушен ориз, овој пат со печурки.
Состојки
- ориз
- печурки
- пиперка
- морков
- праз
- домат
- сува пиперка
- маслиново масло
- сол,црн бибер,сушен зачин
- магданос
Постапка
- Испржете ги печурките со пиперката, морковот и празот. На крај додадете го излупениот домат на коцки. Нека се пропржи.
- Додадете го измиениот ориз, пропржете. Додадете сува пиперка.
- Додадете врела вода 1:3, зачини и нека зоврие, потоа намалете на средна температура.
- Не мешајте, само протресувајте го тенџерето и после 12 минути тргнете го настрана, поклопете. После 20 минути до половина час, ќе биде готово.
Можете да ги сервирате како гарнир, но и како посебен оброк во комбинација со салата.
Пријатно!