И овој рецепт е многу баран, па еве да го поставам.
Интересно, вкусно, декоративно. А толку едноставно!
Потребни ви се подебелки кори, зашто јас со такви правев, словенски, тегнати.
Мислам дека има кај нас српски кори кои се подебелки, за гибаница, е такви треба за да не изгорат.
Состојки
- 500 гр готови кори
- малку маслиново масло
Фил
- по желба, а тогаш сум ставила пржен праз
- пиперка
- маслинки
- спанаќ (тогаш сегде морав да го ставам 🙂 )
Постапка
- Испржете праз ситно исечен, додадете пиперка.
- Тргнете ја тавата, додадете спанаќ и маслинки, зачини по желба.
- Земете една кора, на средина на кората ставете од филот.
- Преклопете го врз филот долниот дел на кората.
- Горниот дел на кората исто преклопете го.
- Едната страна на кората преклопете ја врз филот, а другата страна, преклопете ја одоздола, под филот. Така ќе добиете пакетче како на сликата. Направете ги сите кори пакетчиња со фил.
- Намачкајте тефлон тава со маслиново масло и загрејте ја.
- Пржете ги, поточно печете ги пакетчињата до убава боја.
- Корите си се испекуваат убаво на тефлонот, не им се плашите, само да не прегорат, внимавајте.
- Расечете ги по желба на помали или поголеми парчиња, дијагонално за да се гледа филот.
Прекрасни за сервирање, појадок, вечера, мезе, наједноставното чудо, јас така си ги викам 🙂
Во тоа време готвев без масло речиси, вие додадете си по желба.
Пријатно!