Жал ми е што немам големо искуство со сувите пиперки, најолем дел од животот не сум ги користела, затоа сега гледам да надокнадам. Традициите во моето семејство бараа поинакво подготвување на пиперките. Баба ми сушеше домати, но не се сеќавам на пиперките, моите родители не сушеа и не купуваа, а јас негде од 2000 година им се посветив.
Револуционерна година за техниката, а за мене враќање кон корените за пиперките 🙂
Од досега пробаното, потпечени, варени, пржени, најмногу ми се допаѓаат пржени во малку брашно. Па и потпечени во брашно.
Еве едно брзо приготвување, вкусот не може да ве остави рамнодушни! А тек мирисот, ммм…
Состојки
- суви пиперки
- брашно
- зејтин
Постапкa
- Во еден сад со врела солена вода потопете ги пиперките, кратко, на рингла.
- Потоа ставете ги во брашно пиперките.
- Пржете ги на зејтин, внимателно да не изгорат.
Овие пиперки не се везени, од мазните се. Одлично одат со триена сол.
Комбинирајте ги со што сакате, по ваша желба.
Пријатно!
[gallery_one id=”4204″ view=”carousel” settings=”%7B%22pause%22%3A%2210000%22%2C%22speed%22%3A%221000%22%2C%22loop%22%3A%221%22%2C%22auto%22%3A%221%22%2C%22pager%22%3A%221%22%2C%22lightbox%22%3A%221%22%7D”]