Пржен анасон

Анасонот е зеленчук кој овде многу се користи. Кај нас го знаеме како аромат, се става во струмичката мастика, на пример. Никогаш не сме подготвувале во Мк, ниту бев видела на пазар, пробав за прв пат минатата година, овде.

Денес Мишел готвеше, јас сум на овошен ден 🙂

Тој секогаш ги готви швајцарските рецепти кои ни се на менито, а можам да речам дека одлично готви, многу пати имам кажано.

Швајцарците , инаку готват многу едноставно, дури ни зачини не се користат многу.
Мишел знае да испржи месо или риба без трошка сол и пак е вкусно.
И така денес многу брз и едноставен ручек, ама стварно брз, со прекрасен мирис од анасонот, но се воздржав да не пробам.
Јас бев помошникот денес…

 

Состојки

  • главици анасон по потреба
  • домати
  • маслиново масло
  • сол

Постапка

  1. Анасонот се сече на тенки кришки.
  2. Доматите исто се сечат на кришки.
  3. Се загрева маслото и се пржат, внимателно се превртуваат. Треба да се печат всушност на тефлон тава, околу 15 мин.
  4. Исто и доматите се потпекуваат кратко, а потоа се посолуваат.

Јас би додала зачини, но Мишел вели дека го сака тој вкус на ананасот и нема потреба од зачини.

Можете да си додадете по желба некој сос, да го сервирате како гарнир или топла салата, а ете и како главен оброк.

Пријатно!

 

Напишете коментар