Пролетна посна тава

 

Еве една тава која ја правиме со мерак, на прагот на пролетта… Едноставна, а колоритна и… Откријте!

Состојки

  • млади компири
  • 1 модар патлиџан
  • 1 тиквица
  •  неколку бамји
  • 4 црвени пиперки
  • 2 зелени пиперки
  • 4 големи домати
  • карфиол
  • кромид
  • лук
  • праз
  • целер
  • 3 моркови
  • малку боранија
  • сува пиперка
  • зејтин
  • 1 лажица брашно
  • сол, сушен зачин, црн бибер, црвен пипер, буковец
  • магданос

Постапка

  1. Зеленчукот се мие и се сече на парчиња.
  2. Како го сечете зеленчукот, така ставајте го во голем, длабок плех.
  3. Растворете го брашното во ладна водичка и ставете го во плехот од страните.
  4. Додадете зачини, запржете црвен пипер и буковец на зејтин и полијте ги врз тавата.
  5. Додадете малку врела вода во садот каде се испржи црвен пипер и полијте ја тавата.
  6. Ставете ја да се пече на 200 подолго време.
  7. Треба да се направи убав сос, внимавајте, не додавајте многу вода.

Според мене, убавината на оваа тава е во доматите кои и даваат посебен красат вкус. Јас додавам и агда, концентрат од домати. Секако старинската тава нема целер и карфиол, тоа сега го додаваме 🙂

Здраво, посно јадење, со преубав вкус.

Тавата може да биде со повеќе сос или посува, тоа е по ваш вкус. Обично кога останува, сосот се згуснува…Ми се допаѓа испечена на фурна, исцрвена, а во рерна повеќе ја сакам со сос…

Кој не сака црвен пипер запржен, не мора, може само да се додаде. Но овој пат мерак ми беше баш вака, црвена и мрсничка 🙂 За макање 🙂

Пријатно!

Loading Facebook Comments ...

Напишете коментар