Од летните салати, тиквиците, модрите патлиџани и пиперките ни се најчесто на трпезата, покрај доматите и краставичките. Салатата е здрава, вкусна, богат вкус!
Ништо посебно не треба да се прави, едноставна подготовка.
Треба само добра организација во исто време да се прават повеќе работи, е а тоа ми е специјалност, како што вели маж ми 🙂
Најдобро се снаоѓам во такви услови, предизвик ми е 🙂 Да не е до гостилничарскиот ген?
Ќе ме биде ли за ресторан? Дааа, ељам да наредувам како шеф 🙂
Овој пат, салатата малку помодерно стокмена, иако класичните ми имаат предност, ама овој сос е преубав 🙂 Ќе си го дотерате на вкус, може да додадете ленено семе, ким, сусам, по желба.
Состојки
- неколку пиперки
- тиквица
- модар патлиџан
- маслиново масло
- лук
- сол
- оцет
- лимон
- мајонез
- сенф
- кисело млеко или јогурт
- магданос
Подготовка
- Модриот патлиџан се сече на кришки и се посолува.
- Додека се чека да се пушти лутата вода, се сечат тиквичките на кришки и се редат во плех, на хартија.
- Пиперките се подготвуваат за печење, исто.
- Потоа патлиџаните се мијат, се сушат и се редат во плехот.
- Тиквиците и патлиџаните се премачкуваат со маслиново масло и се посолуваат.
- Се печат на горната решетка, на 250 степени.
- Се вадат, а пиперките веднаш во кеса да се задушат за полесно вадење на лушпата.
- Се редат во тањир, се солат, пак маслиново, малку оцет, пресиран лук, магданос и сосот.
- За сосот, се меша мајонез, лимон, сенф малку и кисело млеко, за да се разводни и вкусот и текстурата…
- Обилно се посипува со сос, јас додадов подоцна повеќе…
Салатата може да ја исечете на коцкички, и така е уште поубаво, обилно покриена со сосот…
Ако не ви собира во еден плех, стуткајте ги малку, ќе се испечат, секако. Пиперки какви имате, такви, имав црвени тогаш…
Пријатно!
Ja imam praveno samo bez nodar patlidjan i preliena so balzamiko, a ne so sosot. Ke ja probam i vaka.A da ne treba pomosnik za vo kujna??